Малме без најдобриот напаѓач против Вардар: Маркус Розенберг го повреди мускулот

Шведскиот првак Малме забележа првенствена победа над Ескилстуна (3-2), но остана без најдобриот напаѓач Маркус Розенберг. Тој го повреди бутниот мускул уште во десеттата минута, и, според реакцијата, речиси сигурно нема да биде во можност да игра на првиот меч со Вардар во квалификациите за ЛШ, што ќе се игра на 12 јули во Шведска.

На местото на Розенберг, во десеттата минута во игра влезе Матијас Сванберг и осум минути подоцна го постигна првиот гол за својот тим. Стрелци за Малме беа и Јошимар Јотун и Оскар Левицки, а гостинот Ескилстуна, кој е последнопласиран тим во шведскиот шампионат, покажа дека противникот на Вардар сепак има ранлива одбрана.

 

Се вчитува...