Малме е ранлив: Прими три гола дома од Сириус пред гостувањето во Струмица

По ремито со Вардар (1-1), шведскиот првак Малме уште еднаш не победи на домашен терен, играјќи денеска 3-3 против Сириус на „Сведбанк арена“ во домашниот шампионат. Малме имаше водство од 3-1, но очигледно дека во завршницата ги насочи мислите кон гостувањето во Струмица и реваншот против Вардар и дозволи да прими два гола, за конечни 3-3.

Бергет беше стрелец на првите два гола за Малме на овој меч, а Сириус намали со погодокот од слободен удар на Арвидсон. Малме повторно зголеми на два гола позитива со голот на Сарфо, но Векија и Хаглунд донедоа реми за Сириус на гостувањето кај шампионот.

Вардар го пречекува Малме на стадионот „Младост“ во Струмица, во реванш мечот од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Првиот натпревар заврши 1-1, а стрелец на голот за Вардар беше Бобан Николов.

 

Се вчитува...