Малме го „шпионираше“ Вардар: Мора да внимаваме на офанзивата на Македонците

Не оставајќи ништо на случајноста, пред меѓусебната пресметка во 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите, шведскиот шампион Малме имаше „шпионска мисија“ насочена кон Вардар на пријателскиот натпревар против Матерсбург во Австрија.

Натпреварот кој „црвено-црните“ го загубија со 0-1 на лице место го следеше Јенс Фелстром, првиот помошник на тренерот на Малме, Магнус Пехрсон.

„Секако добивме појасна слика за капацитетите на Вардар. Посебно на лице место повеќе се снимаат индивидуалните вештини на поединци. Ако треба да издвојам некого, тогаш сигурно се двајцата Бразилци во тимот. Имаат една двојка навистина експлозивни напаѓачи кои знаат да бидат опасни во самата завршница. Во секој случај, ќе мора да бидеме внимателни на офанзивата на Вардар“ – вели Фелстром, по „снимањето“ на Вардар.

„Наредниов период ќе се добијат и повеќе информации за противникот, заедно со тоа што го снимивме во живо секако ќе направиме комплетна анализа пред двата натпревари“ – дополнува Фелстром.

Првиот натпревар меѓу Малме и Вардар од 2. квалификациско коло за ЛШ се игра во Шведска на 12. јули.

МАЛМЕ ГИ ПУШТИ ВО ПРОДАЖБА БИЛЕТИТЕ ЗА МЕЧОТ СО ВАРДАР

Раководството на Малме се одлучи да пушти во продажба 10.000 билети за своите навивачи за натпреварот со Вардар на стартот од квалификациите за Лигата на шампионите, кој се игра на 12. јули.

Се вчитува...