Малме и дефинитивно без најдобриот стрелец против Вардар: Розенберг мора да паузира три недели!

Најдобриот стрелец на шведскиот шампион Малме, Маркус Розенберг и дефинитивно нема да биде во комбинација за настап на двата натпревари против Вардар во 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Розенберг го повреди бутниот мускул уште во десеттата минута на мечот од домашниот шампионат Ескилстуна, па по денешната магнетна резонанција беше утврдено дека има руптура на мускулот поради што го очекува пауза од најмалку три недели.

„Има сериозна повреда, што значи ќе мора да паузира еден месец. Дефинитивно не може да се врати на терените побрзо од три недели“ – вели физиотерапевтот на Малме, Пар Харбертсон.

Првиот меч меѓу Малме и Вардар во квалификациите за ЛШ се игра на 12 јули во Шведска, а реваншот е за седум дена на стадионот „Младост“ во Струмица.

Се вчитува...