Малме му нуди на Ибрахимовиќ да ја заврши кариерата таму каде што ја почна

Шведскиот клуб Малме испратил понуда до легендарниот ас Златан Ибрахимовиќ да се врати во клубот на неговата младост и да ја заврши кариерата таму каде што ја почна. Ибракадабра има седум шампионски титули од пет национални првенства, освоени со Ајакс, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, а во колекцијата не се вброени само Малме, Манчестер јунајтед и сегашниот негов клуб Лос Анџелес галакси.

Напаѓачот сериозно размислува за оваа понуда и можно е да ја прифати токму за да освои титула и во Шведска.

„Ме поканија да се вратам во Малме и таму да ја завршам кариерата. Сериозно размислувам за тоа, а главна мотивација ми е шампионскиот трофеј во Шведска. Кога бев млад, ми велеа дека знам да играм, но дека не знам да постигнувам голови. Сега стигнав до бројка од 500 постигнати голови, и навистина се смеам кога ќе се потсетам на тие мои почетоци“, изјави Златан Ибрахимовиќ.

Се вчитува...