Малме во победнички ритам пред Вардар: Триумф на гости против Хакен

Шведскиот првак Малме во победнички ритам ќе го пречека македонскиот шампион Вардар на првиот дуел што ќе се одигра на 12 јули во Шведска. Малме денеска ја прослави четвртата победа во низа во шведскиот шампионат, славејќи минимален триумф (0-1) на гости против Хакен.

Стрелец на победничкиот погодок беше Александер Јермејеф во 19.минута од натпреварот. Малме настапи во следниот состав: Виланд, Тинерхолм, Брорсон, Сафари (45’ Хаџикадуниќ), Конате (81’ Виндхејм), Левицки, Кристиансен, Сванберг (71’ Бергет), Јотун, Цибицки, Јеремејеф.

Се вчитува...