Малоун: Јокиќ не сака одмор, вели Србите не седат (ВИДЕО)

Никола Јокиќ повторно беше еден од предовдниците на својот тим во победата над Торонто со 111-121 со дабл-дабл учинок од 19 поени и 11 скока со што Нагетс стигнаа до 42. победа во сезоната. По натпреварот тренерот на тимот од Колорадо, Мајк Малоун имаше интересна изјава зошто Србинот не го искористил своето време за одмор и покрај предвидувањата дека центарот ќе го „преседe“ натпреварот.

„Не сакаше да ја искористи слободната вечер. Јокиќ е цврст дечко кој секогаш со гордост истакнува од каде е и во врска со одморот ми кажа дека Србинте не садат“, изјави по мечот Малоун.

Се вчитува...