Ракометниот шампион на Македонија, Вардар по пауза од пет години ја враќа Лигата на шампионите во „Јане Сандански“ откако утре во 18.45 часот ќе го пречека францускиот тим, Нант.
По воведниот пораз на гостувањето во Мелсунген „црвено-црните“ ќе направат се да стигнат до победа против на дебито пред своите навивачи. На официјалната прес-конференција говореше и Јака Малус…
„Очекуваме тежок меч, бидејќи сите се силни екипи во Лш. Очекуваме голема поддршка од нашите навивачи бидејќи знаеме што значи тоа за нас и за нашите противници. Немаме пораз дома повеќе од година дена и сакаме така да остане и во оваа сезона. Мислам дека сме подготвени и влегуваме максимално по првите бодови“, изјави Малус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
