МАМА МИА: Димитријевиќ како Кецман – проектил од половина терен (ВИДЕО)

Сонот на македонската кошаркарска репрезентацијата за пласман на Европското првенство продолжува по денешната средба против Италија во која избраниците на Александар Тодоров славеа со 87-78, со што стигнаа до првиот триумф во квалификациите.

Еден од предвидниците на „црвено-жолтите“ на оваа средба беше Ненад Димитијевиќ кој со „проектил“ од половина терен со звукот на сирената донесе прво водство за Македонија на средбата на крајот на третата четвртина, а овој погодок беше еден од „двигателите“ за продолжување на фантастичниот моментум во второто полувреме и изборување на многу значајна победа.

Се вчитува...