Реал Мадрид ја запре неверојатната сериа на Барселона од девет победи во шпанската Ла Лига, откако „кралевите“ го добија вечерашното „Ел Класико“, и тоа на „Камп ноу“ со минимални 1-2.
Килијан Мбапе уште еднаш покажа дека е фудбалер за големи натпревари откако францускиот голгетер беше двоен стрелец, носејќи ги трите бода за тимот на Жозе Мурињо. Реал прв поведе пред крајот на првото полувреме, Барселона се врати и израмни преку Рафиња, по што каталонците не искористија и неколку убави шанси за втор гол.
Пресудија замените што ги направија двајцата тренери, Жезус влезе во игра на местото на Рафиња и неколку минути подоцна направи грешка од која тргна контранапад, „резервистот“ Камавинга одигра извонредна, втрча во шеснаесетникот и го проигра во празно Мбапе, кој немаше тешка задача да ја смести топката во мрежата.
Реал стигна до огромна победа со која ја преполови и негативата на табелата, па сега заостанува три бода во однос на вечниот ривал на врвот на Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
