Мамиќ: Ако јас сум направил криминал, Модриќ и Ловрен ми се соучесници

Долгогодишниот прв човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, жестоко ги критикуваше хрватските судови откако вчера беше потврдена одлуката против него и неговиот брат Зоран Мамиќ, за затајување на данок од милионските трансфери на фудбалерите кои си заминуваа од „Максимир“.

Хрватските репрезентативци Лука Модриќ и Дејан Ловрен беа дел од неколкуте фудбалери кои сведочеа против Мамиќ, што според него е симптоматично бидејќи кога станува збор за затајување на данок, и тие мора да одговараат бидејќи парите завршиле и на нивна сметка.

„Доаѓаме до пресудата на Врховниот Суд на Хрватска и тие луѓе кои ја донесоа, кои ќе останат запишани во историјата како крвници. Јас и мојот брат немам затаено ниту едно евро данок, тоа е многу важно. Тие велат дека најоштетен бил клубот Динамо Загреб, а сите клупски органи децидно тврдат дека не е така, но ете имаме судска одлука за затворска казна. Ако говориме искрено, Модриќ и Ловрен треба исто така да се во затвор, бидејќи се сочучесници во наводниот злочин. Па голем дел од тие пари завршија токму кај Модриќ и Ловрен, јас од добри извори знам дека Модриќ и ден денеска на истата таа сметка има неколку милиони евра. Имавме приватен договор меѓу две лица, бидејќи го земав како бегалец, бев негов менаџер, инвестирав во него и на крајот го продадов и заработив. Лука влезе во судница и лажеше, но кога обвинителството одби да покрене истрага за лажно сведочење, стана јасно дека ова е монтиран случај“, изјави Здравко Мамиќ, кој според пресудата ќе мора да мине шест и пол години во затвор.

Се вчитува...