Манасков фантастичен против Чурго

Дејан Манасков по бројните пријателски средби денеска го имаше своето официјално деби во дресот на Веспрем, на почетокот од сезоната во унгарскиот шампионат.

Тимот на Веспрем очекувано убедливо славеше во првото коло над Чурго со 31-15, натпревар во кој во главна улога беше токму македонското лево крило. Манасков беше супериорен пред се во првиот дел, кога за 30 минути игра постигна дури седум погодоци, за на крајот да го заврши мечот со осум постигнати гола.

Ова е одлична увертира за Македонецот, кој ќе биде значаен адут на тренерот Врањеш и во рамките од Лигата на шампионите. Веспрем на стартот од сезоната во елитното европско натпреварување следниот викенд ќе му гостува на тимот на Целје.

Се вчитува...