Манасков го пропушта дуелот со Кире Лазаров и Нант

Дуелот меѓу Нант и Веспрем закажан за вечерва сепак нема да биде македонска пресметка во Лигата на Шампионите откако Дејан Манасков поради повреда отпадна од комбинација за настап за гостите од Унгарија.

Манасков се повреди на квалификацискиот меч меѓу Финска и Македонија, тој потоа не настапи на натпреварот со Швајцарија, но крилниот ракометар ја загуби трката со времето и нема да се најде во составот на Веспрем за вечерашниот меч во Франција. Давид Дејвис нема да може да смета ниту на Штрлек, па Французинот Мае ќе биде единствена опција за Веспрем на позицијата лево крило.

На спротивната страна, Кире Лазаров повторно ќе биде еден од главните адути на Нант во обид да се стигне до фајналфор во Лигата на Шампионите.

Судии на овој натпревар се Македонците Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Се вчитува...