Манасков кандидат за најдобро крило на сите времиња во Вецлар

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков е еден од шестмината кандидати за најдобро лево крило во историјата на Вецлар, во анкетата што овој бундеслигаш ја организираше преку официјалниот профил на фејсбук.

Интересно е што Манасков мина само неколку месеци во дресот на Вецлар, веднаш по распадот на Металург, но и тоа беше доволно за Македонецот да блесне во сиот свој сјај и да го покаже потенцијалот што потоа му овозможи неколку извонредни трансфери во Рајн-Некар Левен, Вардар и Веспрем.

Ривали на македонскиот репрезентативец во оваа трка се Максимилијан Холст, Михаел Алендорф, Арвидас Кеставиц, Андреас Климпке и Кевин Шмит.

Се вчитува...