Манасков не мрда од Охрид

Раководството на Охрид успеа да договори останување на уште еден стандарден ракометар во тимот, потпишувајќи нов едногодишен договор со левиот бек Мартин Манасков. Станува збор за играч за кого ова ќе биде трета сезона во дресот на охриѓани, откако Манасков ги оправда очекувањата по трансферот од редовите на Пролет.

Тој е четвртиот ракометар кој ја продолжи верноста со РК Охрид. Претходно, потпис на нови договори ставија Иван Тасески, голманот Јагош Брауновиќ и десниот бек Филип Николов.

Од управата на клубот најавуваат дека до крајот на месец јуни би требало да се официјализират договорите со преостанатите ракометари кои и минативе сезони го носеа дресот на Охрид, но и новите засилувања кои ќе пристигнат во СРЦ „Билјанини Извори“.

Тимот како и во претходните две сезони повторно ќе го води поранешниот македонски репрезентативец Раде Стојановиќ.

Се вчитува...