Манчестер Јунајтед добива спортски директор

Манчестер Јунајтед планира по завршувањето на сезоната во клупската структура да ја воведе позицијата спортски директор, откри менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер.

„Разговарав со Ед Вудворд за таа опција. Ме прашаа за мислење, иако мојот збор во врска со тоа нема да биде последен. Комуникацијата со раководството на клубот е одлична, зборуваме на многу теми, но јас не сум тој кој одлучува“, изјави Солскјер. 

Тоа би било прв пат Јунајтед да има спортски директор, чија улога ќе биде во соработка со Солскјер да ги договара трансферите во тимот. Плановите за спортски директор долго време постојат, но нивната реализација не беше остварена, поради поранешниот менаџер Жозе Мурињо, кој беше против воспоставување на нова хиерархија.

Покрај ангажирање на спортски директор, раководството на клубот сака да ја продолжи соработката со помошниците на Солскјер, Мајк Филан, Мајкл Керик и Кирен Мекеном.

Се вчитува...