Манчестер Јунајтед го доби првото засилување за идната сезона

Многу брзо Манчестер Јунајтед ќе го добие своето прво засилување за идната сезона, откако играчот од средниот ред на Аталанта, Едерсон ги прифати условите со англискиот гигант.

Според информациите, овој одличен фудбалер ги стопирал преговорите со останатите клубови, и изразил желба да се пресели на Олд Трафорд. Управата на клубот сега интензивно работи на завршување на трансферот.

Едерсон зад себе има одлична сезона во дресот на Аталанта, каде со своите игри го привлече вниманието на бројни европски гиганти. ОСобено се истакна со физичката сила и сигурност во средниот ред.

Преговорите траат веќе со недели, а според досегашните информции трансферот ќе вреди околу 45 милиони евра.

Се вчитува...