Манчестер Јунајтед го освои „Иланд Роуд“ (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед попладнево ја оствари 13-тата победа во Премиер-лигата сезонава, откако триумфираа на „Иланд Роуд“ против Лидс со 2-4. Јунајтед по првиот дел имаше водство од 0-2, и кога се чинеше дека ќе биде лесна победа, Лидс со два брзи гола се врати во игра, и израмни на 2-2. Но, Јунајтед ги отстрани сите дилеми во продолжението кога постигна два гола, и се радуваше на триумфот.

Мегваер се уфрли во шеснаесетникот и во 34. минута погоди за водство, а Бруно Фернандеш во финишот од првиот дел донесе 0-2. Родриго во 53. минута успеа да намали, а веќе во следната минута Рафиња и да израмни.

Сепак, водството го врати голот на Фред во 70. минута, а Еланга во 89. минута да стави печат на победата на Јунајтед, со која тимот од Олд Трафорд се зацврсти на четвртото место на табелата.

Се вчитува...