Манчестер Јунајтед го задржува Марсијал до 2024

Манчестер Јунајтед и Антони Марсијал ќе потпишат продолжување на соработката. Официјализирањето на новиот договор се очекува многу брзо, до крајот на оваа седмица. Според британските медиуми, клубот и претставникот на играчот ги финализираат завршните детали. Договорот ќе биде на пет години што значи дека Французинот на „Олд Трафорд“ останува долгорочно, до 2024 година.

Новиот договор ќе содржи и специфични детали за бонуси кои би ги добивал фудбалерот за достигнување на одредени таргети.

Антони Марсијал има одлични изданија во периодот во кој на менаџерското место е Оле Гунар Солскјер, но тоај е и еден од ретките кои беше солидни и по водство на Жозе Мурињо сезонава.

Францускиот интернационалец има 146 настапи за Манчестер Јунајтед во кои има постигнато 46 гола. Од Монако дојде во 2015 година за 36 милиони фунти.

Се вчитува...