Манчестер Јунајтед има план во јануарскиот преоден рок да го засили средниот ред со некое звучно име. Доведување на фудбалер на оваа позиција е приоритет за Рубен Аморим во следниот преоден рок, откако клубот потроши значителна сума на пари за да го засили нападот пред почетокот на оваа сеозна.
На списокот на тимот од „Олд Трафорд“ се најде играчот на Брајтон Карлос Балеба, потоа фудбалерот Конор Галагер од Атлетико Мадрид. Англискиот тим бара неверојатни 100 милиони фунти за Камерунецот, па „Црвените ѓаволи“ направи обид за позајмица, но и тоа не успеа.
Двајцата играчи на англискиот национален тим Адам Вортон од Кристал Палас и Елиот Андерсон од Нотингем исто така се најдоа на списокот. Последното име на овој список доаѓа од Бундеслигата, од редовите на Штутгарт. Станува збор за Анџело Стилер, кој со своите одлични игри веќе влезе во „радарот“ на големите клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

