Манчестер јунајтед ја обнови соработката со четири играчи

Манчестер јунајтед ја продолжи соработката со Ешли Јанг, Андер Ерера, Хуан Мата и Дејли Блинд. На четворицата фудбалери договорите им завршуваа по крајот на оваа сезона, па клубот одлучи да ги активира клаузулите во нивните договори кои им овозможуваат соработката да биде продолжена на уште една сезона.

Знаејќи дека можат да ги изгубат своите првотимци со оглед на тоа дека им остануваа по шест месеци од нивните договори, раководството реши да ги задржи овие играчи, па доколку Мурињо одлучи дека не му требаат, ќе се обидат со продажба, што е нормално многу подобра варијанта наместо да ги пуштат без пари.

Мата, Јанг и Ерера во досегашниот дел од сезоната забележаа по 17 натпревари во Премиер – лигата, додека Блинд е далеку понеупотребуван од претходните сезони, досега одигра само шест меча во англискиот шампионат.

Се вчитува...