Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Комо, но за сè се прашува Реал

Управата на Манчестер јунајтед мора да биде активна во зимскиот преоден рок за да ја освежи екипата по катастрофалниот старт на сезоната и на листата на желби се наоѓаат две имиња.

Најголема желба на челниците на Јунајтед е фудбалерот на Комо, Нико Паз, кој игра фантастично сезонава.

Аргентинецот на 11 натпревари досега постигна пет гола и има шест асистенции, со што го привлече вниманието на гигантите.

Без разлика на тоа што Паз е играч на Комо, главниот збор околу неговиот трансфер ќе го има Реал Мадрид.

Имено, при продажбата на Паз на италијанскиот тим, Реал Мадрид вметна клаузула според која идното лето може да го врати фудбалерот на „Сантијаго Бернабеу“ за сума од 80 милиони евра, а доколку некоја екипа сака во јануари да преговара за трансфер, мора да добие дозвола токму од „кралскиот клуб“.

Поради тоа, англиските медиуми, не се големи оптимисти дека Манчестер Јунајтед ќе успее да го ангажира Нико Паз, и многу пореална опција е играчот на Нотингам форест, Морган Гибс-Вајт за кого интерес пројавуваат и Ливерпул и Тотенхем.

Се вчитува...