Манчестер Јунајтед ќе го направи Де Хеа деветтиот најплатен фудбалер во светот

Давид Де Хеа е на чекор до нов 100 милионски договор со Манчестер Јунајтед кој ќе го направи еден од најдобро платените фудбалери во светот. Според најавите, претставниците на Де Хеа повторно ги почнале преговорите со клубот за потпишување петгодишна соработка за која шпанскиот голман би добивал по 400.000 фунти неделно.

Тој беше незадоволен од состојбата во клубот во перидот на лоши резултати со Жозе Мурињо, но по доаѓањето на Солскјер повторно бил расположен за преговори. Де Хеа треба да одработи уште 18 месеци откако во декември Јунајтед ја активираше клаузулата за едногодишно продолжување на договорот.

По доаѓањето на Солскјер, Манчестер Јунајтед почна да потпишува продолжување на договорите со дел од играчите, Антони Марсијал и Фил Џонс веќе се обврзаа на нови договори, пред потпис е и Ешли Јанг.

 

Се вчитува...