Манчестер Јунајтед ќе пазари од Атлетико?

Манчестер Јунајтед конечно фаќа учинок. По победата над Вест Хем со 1-3, следи дуел „да се биде или не“ во Лигата на Шампиони против Лајпциг, но за „црвените ѓаволи“ да можат да се вратат во континуитет и конкуренција за титула, потребни се нови засилувања, а англиските медиуми веќе ги откриваат желбите на тимот од „Олд Трафорд“.

Една од нив е десниот бек на Атлетико Мадрид, Кјеран Трипие. Англичанецот би бил во конкуренција со Ван-Бисака, а тимот од Манчестер се надева на навивачката страст на 30-годишникот, кој не крие дека е навивач на Јунајтед.

Поранешниот играч на Тотенхем е во одлична форма и важи за еден од најдобрите играчи на тимот од Мадрид, па ќе биде интересно да видиме дали Диего Симеоне ќе го пушти Англичанецот да ја напушти Шпанија и да се врати во родната држава.

Се вчитува...