За да го купи Мегваер, Манчестер Јунајтед треба да го урне светскиот рекорд

Англискиот премиерлигаш Лестер е подготвен да го продаде Хери Мегваер во Манчестер Јунајтед, но само доколку тимот од „Олд Трафорд“ за неговите услуги плати 90 милиони фунти. Според британскиот „Дејли стар“ од Јунајтед се подготвени да го урнат рекордот за најскап дефанзивец, кој го држи Ливерпул носејќи го Вирџил ван Дајк од Саутемптон за сума од 75 милиони фунти.

Манчестер Јунајтед се обиде да го донесе Мегваер минатото лето, по одличниот настап кој го имаше дефанзивецот на Светското првенство во Русија, но трансферот пропадна, бидејќи не успеаја да се договорат со Лестер. Од англискиот гигант се подготвени повторно да влезат во трка за Мегваер, а доколку сакаат да го донесат во своите редови ќе мора да го урнат рекордот и Англичанецот да стане најскап одбранбен фудбалер во историјата. 26 – годишниот англиски фудбалер во септември потпиша нов договор со Лестер, со траење до 2023 година.

Се вчитува...