Манчестер Јунајтед на лето го купува Џејдон Санчо?

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед подготвува „бомба“ за летниот преоден рок. Голем удар за градскиот ривал Манчестер Сити ќе биде доколку на „Олд Трафорд“ пристигне Џејдон Санчо. Тој си замина од „Етихад“ во 2017 година откако одби да потпише договор со „граѓаните“ за 30.000 фунти неделна плата, а тоа го искористи Борусија Дортмунд која го доведе во Бундес-лигата.

Санчо блесна во дресот на „милионерите“, досега постигна шест гола и забележа девет асистенции и израсна во еден од најпосакуваните млади фудбалери во Европа. Неговата вредност енормно порасна на 90 милиони фунти, а „црвените ѓаволи“ се подготвени да ја платат и да го вратат во Премиер – лигата, но сега како голема ѕвезда.

Се вчитува...