Манчестер Јунајтед останува без голманот

Дин Хендерсон ова лето заминува од Манчестер Јунајтед на позајмица во новиот премиерлигаш Нотингем Форест, пренесуваат англиските медиуми. 25-годишниот Англичанец повторно не успеа да се наметне меѓу почетните единаесетмина пред Де Хеа па настапи на само три натпревари претходната сезона.

Хендерсон беше пред заминување од Манчестер Јунајтед и претходната година кога за неговите услги постоеше интерес и од Челси, но тогаш одлучи да се бори за своето место со шпанскиот чувар на мрежата.

Англичанецот е продукт на младинската школа на Манчестер Јунајтед и за него ова ќе биде шеста позајмица по Стокпорт, Гримсби Таун, Шузбери и Шефилд Јунајтед каде во два наврати се претстави во одлично светло.

Се вчитува...