Манчестер Јунајтед подготвува две спектакуларни засилувања

Манчестер Јунајтед веќе подготви две спектакуларни засилувања за новата сезона кои треба да го формираат новиот среден ред на Олд Трафорд.

Според италијанскиот новинар Џанлука Ди Марки, Сандро Тонали и Едерсон се на врвот на листата на желби на „црвените ѓаволи“. Од Јунајтед сакаат да ги комплетираат двата трансфери истовремено.

Ситуацијата околу Едерсон, играчот за врска на Аталанта, за кого интерес покажува и Атлетико Мадрид, е особено интересна.

Сепак, Манчестер Јунајтед во моментов е во водство и има главен збор во преговорите за бразилскиот фудбалер. Едерсон, според сите извештаи, треба да го напушти Бергамо по последниот натпревар од сезоната против Фиорентина, кој е закажан за 22 мај.

Бразилецот пристигна во Аталанта во 2022 година и оттогаш стана еден од најважните играчи на тимот. Во дресот на клубот од Бергамо, тој одигра дури 180 натпревари со 16 гола и шест асистенции.

Од друга страна, Јунајтед веќе долго време го следи и Тонали, кој по еден турбулентен период повторно ја пронајде својата препознатлива форма во дресот на Њукасл.

Англискиот гигант очигледно сака сосема нова енергија во средниот ред, а тандемот Тонали-Едерсон се смета за идеална комбинација од агресивност, квалитет и модерна динамика.

Токму сите овие работи Мајкл Карик сака да ги врати на Олд Трафорд по уште една разочарувачка сезона.

Се вчитува...