Манчестер Јунајтед продолжува со победи на турнејата во Австралија (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед победи и во вториот меч од претсезонската турнеја, откако во Перт беше подобар од Лидс Јунајтед со 4-0. На мечот Солскјер им даде шанса на сите фудбалерие кои беа во ростерот, а од стандардните првотимци го немаше само Ромелу Лукаку кој е пред трансфер во Интер.

Младиот Мејсон Гринвуд донесе водство за 1-0, по асистенцијата на новото засилување Арон ван Бисака. До крајот на полувремето стрелаше и Маркус Рашфорд. Во второто полувреме во листата на стрелците се најдоа и Фил Џонс кој постигна гол во 51. минута, додека конечните 4-0 ги постави Антони Марсијал со гол од пенал во 61. минута. Следниот меч од претсезонската турнеја избраниците на Оле Гунар Солскјер ќе го играат на 20. јули против Интер.

Се вчитува...