Манчестер Јунајтед сака да го врати Арон Рамзи во Премиер – лигата

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е заинтересиран за велшкиот интернационалец Арон Рамзи од Јувентус. Менаџерот Оле Гунар Солскјер смета дека тој би бил одлично решение за средниот ред на „црвените ѓаволи“ и подготвен е да му понуди преселба на „Олд Трафорд“ и враќање во Премиер – лигата. Јувентус нема да прави голем проблем при продажбата на Рамзи, со оглед дека тој има огромна плата во Торино.

Рамзи заработува 400.000 фунти неделно во дресот на Јувентус, а Манчестер Јунајтед би сакал доколку е можно да намали дел од оваа сума при преговорите со фудбалерот. Истовремено, раководството на „црвените ѓаволи“ размислува и за продажба на Пол Погба, а можна е и зделка во која Французинот ќе се врати повторно во Торино, а Рамзи како дел од пакетот би пристигнал на „Олд Трафорд“. Велшанецот дојде од Арсенал како слободен агент во редовите на италијанскиот шампион.

 

Се вчитува...