Манчестер Јунaјтед сака да му ја удвои платата на Маркус Рашфорд

Манчестер Јунaјтед и Маркус Рашфорд почнале преговори за ново продолжување на догoворот на ѕвездата на англискиот фудбал. Преговорите се во почетна фаза, но Јунајтед прави обид да го задржи репрезентативецот на Англија на долги патеки.

Затоа, клубот му понудил на Рашфорд двојно поголема плата, од актуелните 85.000 фунти неделно, на 170.000 фунти за една седмица.

Маркус Рашфорд во мај 2016 години го продолжи договрот со Јунајтед до 2021 година. Тој во 22 одиграни средби во Премиер-лигата сезонава има постигнато девет гола. Особено покажува одлични изданија по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на менаџерската позиција.

Се вчитува...