Манчестер Јунајтед со лук против Луверпул (ВИДЕО)

Прскањето на теренот на „Олд Трафорд“ со лук сепак не е магија против големиот ривал Ливерпул во пресрет на неделното мегадерби во Премиер-лигата. Манчестер Јунајтед го користи овој метод како впрочем и уште неколку премиерлигашки клубови затоа што лукот помага паразитите да не ја уништуваат тревата. Вакво прскање има еднаш неделно.

Проблемот е во миризбата која се чувствува дури и на 600 метри од стадионот. Сепак се очекува смрдеата на лук да не ги пречека гостите од Ливерпул, но и ѕвездите на Јунајтед в недела попладне.

 

Се вчитува...