По катастрофалниот старт на сезоната, Манчестер Јунајтед планира „реновирање“ на екипата, а првиот трансфер на кој настојува тимот од „Олд Трафорд“ е доведувањето на бекот на Виљареал, Пау Торес.
Во планот на „црвените ѓаволи“ за доведување на 23-годишникот е и Маркос Рохо, кој оваа година сеуште нема забележано настап за првиот тим на Јунајтед, па ќе служи како дел од договорот.
Добрите игри на Торес во дресот на Виљареал му донесе и шанса за настап за шпанската репрезентација, во којa се избори меѓу почетните единаесеттмина, рамо до рамо со Серхио Рамос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА