Манчестер Јунајтед тргнува по Жул Кунде

Манчестер Јунајтед никако не може да ги среди проблемите во одбраната, па затоа менаџерот Оле Гунар Солскјер фокусиран кон нови фудбалери. Францускиот интернационалец Жул Кунде е негова трансферна цел, пренесуваат медиумите на Островот. Раководството на клубот ќе се обиде да му ја исполни желбата и да го доведе на „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок.

Сепак, оваа мисија нема воопшто да биде лесна за „црвените ѓаволи“. Кунде има договор со Севилја до 2024 година со откупна клаузула од 82 милиони евра. Покрај Манчестер Јунајтед, за Жул Кунде се интересираат и Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер Сити и Пари Сен Жермен.

 

 

Се вчитува...