Фудбалерите на Манчестер јунајтед доживеаја вистински шок во 95-та минута на гостувањето во Евертон и останаа без победата во третото коло од Премиер лигата. „Карамелите“ во 95-та минута преку Меитланд-Најлс ги шокираа „Црвените ѓаволи“, постигнаа гол за 2:2.
Евертон по три кола има пет бода, додека Манчестер јунајтед со скор од по една победа, реми и пораз има четири бодови.
Сите четири гола беа постигнати во второто полувреме, резултатот го отвори Мбеумо на стартот од второто полувреме, во 46-та минута. Голот на Мбеумо може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Драматично беше во финишот бидејќи Јунајтед до трите бода стигна со гол во 88-та минута. Херој на навивачите на Манчестер Јунајтед беше Шешко. Неговиот гол може да го погледнете ТУКА. Претходно, во 83-та минута, Евертон израмни на 1:1 преку Тајрик Џорџ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
