Манчестер Јунајтед во Франција најде партнер за Хари Мегваер

Манчестер Јунајтед во претстојниот преоден рок ќе се обиде да доведе централен дефанзивец кој треба да биде поддршка за капитенот Хари Мегваер. Раководството на клубот решението го пронајде во Монако. Нова желба на „црвените-ѓаволи“ е стоперот на „кнезовите“ Беноа Бадијашил. 19-годишникот е стандарден првотимец на францускиот клуб за кого настапува од 2018 година, а во последната сезона која беше прекината поради пандемијата од коронавирусот запиша шеснаесет натпревари.

Тој ги помина сите младински репрезентации на Франција, а се очекува за неговиот трансфер англискиот великан на Монако да му плати околку 20 милиони евра. Ангажирањето на Бадијашил значи дека Оле Гунар Солскјер не е задоволен од Ерик Баи и Виктор Линделоф, двајцата дефанзивци кои не ги оправдаа парите кои беа вложени за нивни ангажман и се очекува во новата сезоната да бараат нов клуб.

Се вчитува...