Манчестер јунајтед во јуни го носи Луис Суарез?

Манчестер јунајтед подготвува понуда за напаѓачот на Барселона, Луис Суарез.

Во таборот на „црвените ѓаволи“ не се задоволни од игрите на Лукаку, па сега се фокусираат на засилување во нападот. Прва мета е Суарез кој игра одлично во дресот на Барселона.

Суарез има уште две години важечки договор со Барселона, но Јунајтед е подготвен да испрати понуда која со оглед на годините на офанзивецот каталонскиот тим не би можел да ја отфрли, пренесуваат англиските медиуми.

Не е тајна дека и голем број клубови од Кина уште од сега се подготвени со сериозни понуди за ангажман на 32-годишниот уругвајски напаѓач.

Се вчитува...