Екипата на Манчестер Јунјатед би можел многу лесно да дојде до квалитетно засилување во средниот ред и тоа уште во зимскиот преоден рок. Според дел од англиските медиуми, тимот од Олд Трафорд ќе тргне по услугите на Рубен Невес од Ал-Хилал, во обид да го врати во Премиерлигата.
Вулверхемптон го продаде Невес на Ал-Хилал во 2023 година за сума од 47 милиони евра, но неговиот договор истекува наскоро, и клубот од Саудиска Арабија е подготвен зимоска да се раздели со него, а според медиумите откупната цена би била околу 20 милиони евра.
Дваесекратниот првак се заинтересирани да го засилат средниот ред, затоа што иднината на Касемиро, Мајно и Угарте е неизвесна. За оваа позиција се поврзуваат и Елиот Андерсон, Адам Вортон, Конор Галагер, Карлос Балева, Тајлер Адамс и Жоао Гомес.
Исто така за Невес е заинтересиран и Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

