Манчестер Сити формира „фонд за жртвите“ на педофилот Бенел

Манчестер Сити е подготвен да им исплати милионски оштети на жртвите кои како деца биле злоставувани од тренерот на клубот во младинските категории, Бари Бенел. Клубот формира фонд од кој жртвите на најсериозен криминал ќе добијат отштета со суми од шест бројки.

Злоставуваните ќе добијат и лични извнувања од водечките луѓе на клубот. Засега е познато дека ќе има околу 40 лица што ќе треба да бидат обештетени.

Минатата година поранешниот младински тренер на Сити, Бенел беше осуден за 43 обвиненија поврзани со 12 деца кои тренирале во клубот во периодот од 1976 до 1999 година. Во еден од најголемите педофилски случаи во историјата на Британија, Бенел доби казна затвор од 31 година. Тоа му беше четврта пресуда за злоставување деца.

 

 

Се вчитува...