Манчестер Сити ги пријави новите засилувања за ЛШ, отпадна засилувањето вредно 35 милиони евра

Манчестер Сити направи неколку промени во списокот во Лигата на шампионите. Англискиот клуб ги вклучи новите засилување Абдукодир Кусанов, Нико Гонзалез и Омар Мармуш, и тие веднаш ќе бидат во комбинација против Реал Мадрид.

Вклучен во составот е и шпанскиот репрезентативец Родри, кои можеби и ќе паузира до крајот на годината поради повреда на коленото.

Тројца играчи ги пречкрта Пеп Гвардиола за ЛШ. Едниот од нив е Кајл Вокер кој замина во Милан, а во исто време нема место ниту за Џол Вилсон-Есбранд и Витор Реис. Интересно е тоа што од списокот отпадна Витор Реис, кого Сити во овој преоден рок го купи за 35 милиони евра.

Се вчитува...