Манчестер сити го изедначи рекордот на Ливерпул

Манчестер сити со убедливата победа над Лидс од 7-0 во 17. коло во англиската Премиер-лига го изедначи рекордот на Ливерпул од 1982 година.

Ова за избраниците на Пеп Гвардиола беше 33 победа во 2021 година со што се израмнија со легендарната генерација на „црвените“ од 1982 година.

Покрај 33 победа „граѓаните“ доживеаја само шест нерешени и два порази во веројатно најдобрата година во англиската лига. Избраниците на Пеп Гвардиола имаат шанса да го поправат овој скор бидејќи до крајот на годината ги очекуваат уште три натпревари.

Се вчитува...