Манчестер Сити го купува Кулибали од Наполи

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити ги договори личните услови со дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, откриваат медиумите на Апенините. Тој треба да биде големо засилување за „граѓаните“ за следната сезона во која тимот на Пеп Гвардиола ќе се обиде да ја врати шампионската титула во свој посед.

Манчестер Сити ќе му понуди на Наполи 70 милиони фунти за трансферот на Кулибали. Тој треба да игра во тандем со Ејмерик Лапорт на централните стоперски позиции во составот на Гвардиола.

Претседателот на „наполитанците“, Аурелио де Лаурентис, долго време одбиваше да го продаде Кулибали и покрај големиот интерес од европските гиганти. Но, по пандемијата на коронавирусот ја промени одлуката и се очекува летово тој да се пресели на Островот.

Се вчитува...