Манчестер Сити официјално го потврди трансферот на Алан Елиас, кој пристигнува од бразилскиот Палмеирас и потпиша долгорочен договор со англискиот гигант.
22-годишниот Бразилец игра на крилната позиција, но може да одговори и на други офанзивни задачи. Во Манчестер пристигнува во период кога клубот го напушта неговиот сонародник Савињо, кој се пресели во Тотенхем.
За услугите на Алан, Сити ќе плати 37,5 милиони евра, а договорот содржи и дополнителни 2,5 милиони евра во бонуси, со што трансферот може да достигне вкупна вредност од 40 милиони евра.
Алан е производ на академијата на Палмеирас, каде што пристигнал во 2019 година. За првиот тим дебитираше во јануари 2025 година, а досега запиша 96 настапи, девет гола и 12 асистенции.
Неговиот квалитет особено се огледа во способноста да придонесува во двата правци. Покрај офанзивните способности и играта еден на еден, Бразилецот е познат и по големата работна дисциплина и помагањето во дефанзивата.
Трансферот е дел од големата реконструкција на Манчестер Сити под водство на новиот тренер Енцо Мареска, кој ова лето направи значителни промени во составот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
