Манчестер Сити го прави Хозе Марија Хименез најскап дефанзивец

Манчестер Сити испратил официјална понуда до Атлетико Мадрид за услугите на одличниот дефанзивец Хозе Марија Хименез, пренесува шпанскиот „Ас“. Англискиот тим е подготвен за услугите на Уругваецот на тимот од Мадрид да му плати 89 милиони евра.

Атлетико  Мадрид не сака да го продаде Хименез чија клаузула изнесува 120 милиони евра. Пеп Гвардиола е во потрага по централен дефанзивец како би ја покрил дупката во одбраната која минатата сезона го чинеше освојување на трофеите. Покрај Хименез тимот од „Етихад“ е во преговори и со фудбалерот на Наполи, Калиду Кулибали.

Хименез во Мадрид стигна во 2013 година од редовите на Данубио, а за тимот од „Ванда Метрополитано“ досега забележа 130 натпревари на кои постигна три гола.

Се вчитува...