Манчестер Сити и Ливерпул добија дозвола да играат на „Етихад“

Градското собрание на Манчестер дозволи мечот меѓу Сити и Ливерпул кој е закажан за 2. јули да се игра на „Етихад“. Дерби дуелот е единствен за кој не се знаеше дали ќе може да се игра на стадионот на „граѓаните“ или на неутрален терен. Претходно британските власти под знак прашалник ги ставија и натпреварите меѓу Евертон и Ливерпул, Сити и Њукасл, Манчестер Јунајтед и Шефилд и Њукасл и Ливерпул, бидејќи имаше ризик пред стадионите да се собере голема бројка на навивачи, што ќе доведеше до ризик за ширење на коронавирус.

Дуелот меѓу Ливерпул и Сити симболично би можел да биде тој на кој „црвените“ ќе ја прослават титулата, бидејќи за трофејот им се потребни уште два бода.

Се вчитува...