Управата на Манчестер Сити успеа да му ја исполни желбата на Енцо Мареска и да доведе нов крилен офанзивец до крајот на преодниот рок.
Илман Ндаје од Евертон ќе биде најново име меѓу „граѓаните“ откако Сити успеа да го договори трансферот вреден 65 милиони фунти со „карамелите“. Тотенхем имаше постигнато договор со Евертон со Ндаје, се чекаше разврската од преговорите со Евертон за трансферот да биде официјализиран, па Сити експресно ја искористи ситуацијата и доби зелено светло за да го доведе Сенегалецот на „Етихад“.
По најновата разврска, сега Тотенхем го насочи вниманието кон Украинецот Мудрик од Челси како најново засилување за крилната позиција.
Ндаје најверојатно нема да биде и последното засилување на Сити во овој преоден рок, по информациите од Англија дека се интензивирани преговорите со Челси за ангажманот на Енцо Фернандез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
