Манчестер сити ја одби понудата на Баерн за Сане

Германскиот репрезентативец Лирој Сане повторно одби да го продолжи договорот со Манчестер сити кој му завршува во јуни 2021 година. Има договор на уште една година, но не сака повеќе да остане во Англија.

Сето тоа будно го следи Баерн Минхен кој пред три дена испрати официјална понуда до Сити. Од Минхен порачаа дека се подготвени да платат „само“ 35 милиони евра за Сане затоа што се свесни дека „граѓаните“ и немаат некој друг излез.

Но, од Сити веднаш стигна одговор дека понудата е одбиена затоа што не сакаат така ефтино да го продадат еден од своите најдобри фудбалери. Манчестер сити бара најмалку 70 милиони евра, кои Баерн сигурно нема да ги плати.

Според последните информации, Сане веќе постигнал договор со Баерн Минхен, па доколку Сити не го пушти ова лето тогаш следното ќе се пресели во баварскиот тим како слободен фудбалер.

Се вчитува...