Манчестер Сити ќе добие забрана за трансфери во два преодни рока?

Англискиот првак Манчестер Сити ќе добие забрана за трансфери во наредните два преодни рока, откриваат медиумите на Островот. Клубот од „Етихад“ неколку е под истрага на УЕФА за нелегално комплетирање на трансфери на малолетни фудбалери, а според британските медиуми европската куќа на фудбалот во следните неколку дена ќе ја соопшти одлуката. Таа ќе биде идентична како и за уште еден премиерлигаш, Челси, па се очекува и Пеп Гвардиола како и Маурицио Сари да не може да купува нови фудбалери до јуни 2020 година.

УЕФА го истражува и ангажманот на Џејдон Санчо во Манчестер Сити, кој во 2015 година како 14-годишен малолетен фудбалер прејде во редовите на „граѓаните“. Постојат докази дека тоа е направено на недозволен начин. Токму поради ова, Манчестер Сити и се решил да го продаде во Борусија Дортмунд.

„Граѓаните“ исто така се наоѓаат под истрага на УЕФА за прекршување на финансискиот ферплеј, за што им се заканува дури и исклучување од Лигата на шампионите во наредните неколку години. Сепак, казната за таа истрага се очекува дури по завршувањето на сезонава.

Се вчитува...