Манчестер Сити ќе го сруши трансфер-рекордот во Премиерлигата

Манчестер Сити се врати на врвот на Премиерлигата и ја продолжи доминацијата со петта титула во последнтие десет години, но она што изостанува во витрините на „граѓаните“ е трофејот во Лигата на Шампионите за кој Пеп Гвардиола е подоготвен да го сруши трансфер рекордот на „Островот“.

Имено, тимот од Манчестер ова лето во своите редови ќе се обиде да ја донесе ѕвездата на Астон Вила, Џек Грилиш. 25-годишниот Англичанец имаше одлична сезона со шест гола и 12 асистенции и покрај тоа што пропушти три месеци поради повреда.

Репрезентативецот на Англија има договор со Астон Вила со важност до 2025 година па јасно е дека „граѓаните“ ќе мораат да платат висока цена за неговите услугите. Трансфермаркт го проценува играчот на 65 милиони евра, но медиумите во Англија пишуваат дека Сити е подготвен да плати повеќе од 110 милиони за Грилиш, со што би се надминал сегашниот трансфер рекорд на Пол Погба кој во градскиот ривал пристигна за 105 милиони евра.

Се вчитува...