Манчестер сити ќе мора да бара нови сопственици?!

Независниот регулатор на англискиот фудбал, Дејвид Когам, најави можно протерување на сопствениците на Манчестер сити доколку второстепената комисија го прогласи клубот за виновен за прекршувањето на финансискиот ферплеј.

Првостепената независна комисија го прогласи Манчестер сити виновен по 114 точки од обвинението за финансиски малверзации во периодот од 2009 до 2018 година, по што „граѓаните“ поднесоа жалба до второстепена комисија.

Доколку биде потврдена одлуката на првостепената комисија, тогаш Манчестер сити се соочува со широк спектар на казни, од исфрлање во понизок ранг, финансиска казна, одземање на бодови и одземање на трофеите освоени во периодот од 2009 до 2018, но најстрога казна би била протерување на сопствениците, тоа е инвестициски фонд од Обединетите Арапски Емирати „Абу Даби Јунајтед груп“, кој е под надлежност на емирот.

„Одлуката на независната комисија ќе покрене сериозни прашања. Имаме овластување да ја преиспитаме подобноста на сопственците, директорите и раководителите на клубот“, изјави Коган.

Тоа би значело дека „Абу Даби Јунајтед груп“ би бил принуден да го продаде Манчестер сити на друг купувач. Вакво нешто веќе се има случено, Премиер лигата по руската инвазија врз Украина, му наложи на Роман Абрамович да го продаде Челси, а парите од продажбата владата на Обединетото Кралство ги стави на посебна сметка.

„Ќе ги користиме нашите надлежности во интерес за заштита на одржливоста, честа и интегритетот на англискиот фудбал таму каде што постојат јасни докази за неправилности“, додава Коган.

Се вчитува...